„Каталонците“ должат високи 159 милиони евра на неколку клубови за зделки од минатото, најголемиот дел припаѓа на трансферите на Рафиња, Роберт Левандовски, Жил Кунде и Феран Торес.
Барселона со години кубури со финансии а тоа го покажува и последниот финансиски извештај – клубот должи околу 160 милиони евра на неколку клубови како резултат на тоа што фудбалерите се купуваат на рати.
Најголем долг има кон Лидс, односно околу 41,9 милиони евра за трансферот на Рафиња од 2022 година.
Од истата година, за трансферот на Жил Кунде има долг кон Севиља од 24,5 милиони евра, како и долг од 20 милиони евра кон Баерн Минхен за Роберт Левандовски.
Манчестер Сити чека 13,3 милиони евра за трансферот на Феран Торес, а најчуден е случајот со Емерсон Ројал.
Бразилецот одигра само три натпревари, не е дел од Барселона од 2021 година, но и покрај тоа „каталонците“ имаат долг кон Бетис од 8 милиони евра.
Пари се должат и на клубови како Жирона, Валенсија, Спортинг Лосабон и Рен.
Барселона исто така има долг за наплаќање, но тој е значително помал и изнесува околу 64,1 милион евра.