Де Јонг жестоко против мечот во Мајами: „Не е фер, никој не ги слуша фудбалерите“

by 24 фудбал
1 минути читање

Шпанската јавност жестоко реагираше откако УЕФА го одобри планот на Ла Лига за одигрување на лигашки натпревар во САД. Сега е и официјално, Барселона и Вилјареал ќе се сретнат на 20 декември во Мајами.

Одлуката предизвика голема бура во фудбалската заедница. Двата клуба и самата лига ќе заработат значителни средства, но во редовите на Барселона има и незадоволни. Прв кој јавно проговори е Френки де Јонг, кој остро ја критикува идејата.

Не ми се допаѓа што ќе играме во Мајами, воопшто не се согласувам со тоа. Не е праведно кон натпреварувањето – ние ќе играме гостински меч на неутрален терен. Тоа не е добро ни за нас играчите, кои треба да патуваме толку далеку пред и по натпреварот. Никој не не слуша, никој не се грижи. Јасно ми е дека клубовите ќе заработат, но разбирам и зошто останатите екипи се револтирани. Ако јас одлучував, никогаш не би играл натпревар од шпанското првенство надвор од Шпанија“, изјави холандскиот репрезентативец.

И покрај критиките, Ла Лига останува решена да го реализира проектот и да ја претстави шпанската лига на американскиот пазар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×