Аксел Витсел против Македонија може да испише белгиска историја

by 24 фудбал
1 минути читање

Аксел Витсел е на прагот на историски момент во белгискиот фудбал. Искусниот играч би можел да постави рекорд стар повеќе од еден век и да стане фудбалерот со најдолг стаж во историјата на белгиската репрезентација.

Доколку настапи на претстојниот натпревар против Македонија, Витсел ќе го надмине легендарниот Хектор Гетинк, кој цели 6.402 дена ја бранеше боите на „црвените ѓаволи“ во периодот од 1906 до 1923 година.

Витсел дебитираше за Белгија на 26 март 2008 година против Мароко на „Крал Бодуен“ во Брисел, каде што веднаш постигна гол во поразот од 1-4. Од тогаш до денес поминаа 6.408 дена, што значи дека со само уште еден настап ќе го сруши рекордот кој повеќе од сто години никој не успеа да го допре.

Ако пак заигра и на следниот меч против Велс во Кардиф, бројката ќе порасне на 6.411 дена, што ќе биде нов репер во историјата на белгискиот фудбал. Зад него остануваат Јан Вертонген со 6.239 дена, Мишел Преудом со 5.708 и Тими Симонс со 5.681 ден во националниот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×