Бизнис лига: Нетцетера со пресврт во второто полувреме до бодовите во дуелот со Окта

by riste
3 минути читање

Нетцетера 6-4(2-3) Окта

Нетцетера: Ѓорѓи Марков 11’ Теодор Димитровски 25’ 31’ 34’ Евгениј Костадинов 20’ 35’

Окта: Живко Котевски 27’ Владислав Илиќ 20’ Иван Димитриевски 2’ Иван Мицевски 13’

Одлиечен старт за екипата на Окта во дуелот со Нетцетера тие уште во втората минута од полувремето преку својот голман Димитриевски успеаа да поведат со 0-1. Екипата на Нетцетера ги консолидира своите редови па во 11та минута преку Марков успеа да израмни на 1-1. Како одминуваше времето се зголемуваше темпото на игра, екипата на Окта имаше одлична серија па во завршните минути од полувремето дојде до предност од 1-3. Во последните секунди од првото полувреме екипата на Нетцетера преку Костадинов дојде до намалување на резултатската негатива на 2-3 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме по груб старт на Окта екипата на Нетцетера преку пенал успеа да дојде до повторно израмнување на 3-3. Двете екипи продолжија со цврста и израмнета игра, имаше одлично шанси на двете страни но екипата на Окта беше таа која успеа да дојде до повторно водство од 3-4 преку погодокот на Котевски. До крајот на овој натпревар екипата на Нетцетера вршеше силен притисок кон голот на Окта, ваквата игра им донесе израмнување на резултатот, а подоцна и целосен резултатски пресврт од 6-4 за победа во овој дуел.

Искуството на Аџибадем Систина пресудно во дуелот со Алма М

Аџибадем Систина 4-0(1-0) Алма М

Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 11’ 25’ 35’ Мартин Ѓоргиоски 37’

Одлично прво полувреме ни прикажаа екипите на Аџибадем Систина и Алма М, двете екипи од самиот старт започнаа со високо темпо на игра. Двете екипи имаа одлични шанси но голманите беа на ниво на задачата па во првата фаза од полувремето мрежите мируваа. Екипата на Аџибадем Систина во 11та минута со погодокот на Димковски успеа да го отвори резултатот и поведе со 1-0. До крајот на полувремето екипата на Алма М вршеше силен притисок кон голот на Аџибадем Систина кои одлично ја поставија играта во одбраната и не дозволуваа лесни погодоци, па на паузата заминаа со предност од 1-0. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина продолжи со одлична игра во добраната и преку брзи контра напади успеваше да ја зголемува резултатската предност. Екипата на Алма М како нова екипа во лигата сеуште ја бараше својата форма што искусната екипа на Систина успеа да го искористи за победа во овој дуел со 4-0.

Во дерби натпревар ЕЛЕМ го совлада ТАВ

ЕЛЕМ 6-4(2-2) ТАВ

ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 28’ Душан Спасеноски 15’ 34’ Тихомир Груевски 20’ Владе Јанакиевски 35’ Шкиприм Руфати 40’

ТАВ: Алексо Новески 6’ 20’ 27’ Јованче Видински 39’

Интересно прво полувреме прикажаа екипите на ЕЛЕМ и ТАВ, екипата на ТАВ во 6та минута прва го отвори резултатот со погодокот на Новески. По ова водство на ТАВ екипата на ЕЛЕМ почна да врши силен притисок во предно поле и користејќи го својот голман како голман играч често доаѓаше до изглени шанси. Во 15та минута од полувремето екипата на ЕЛЕМ успеа да дојде до израмнување на резултатот со погодокот на Спасеноски, а во самата завршница успеа да дојде и до целосен резултатски пресврт и предност од 2-1. Екипата на ТАВ во последните секунди од полувремето преку Новески успеа да дојде до повторно израмнување на 2-2 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме се продолжи со израмнета игра двете екипи имаа одлични погодоци па до 28та минута со по еден погодок на двете страни резултатот изнесуваше 3-3. Екипата на ЕЛЕМ во 34та минута успеа да дојде до повторно водство од 4-3 што ја примора екипата на ТАВ во завршницата од овој натпревар да притисне во предно поле. Ваквата отворена игра на ТАВ ја искористи противникот за зголемување на водството на 5-3. Екипата на ТАВ не успеа да се врати во натпреварот па ЕЛЕМ славеше на крајот од овој дуел со резултат од 6-4.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×