Еден од најславните напаѓачи во историјата на фудбалот, Марко ван Бастен, жестоко реагираше на одлуката на раководството на Ла Лига натпреварот меѓу Виљареал и Барселона да се одигра во САД.
УЕФА веќе даде дозвола и натпреварот кој е на програмата во декември ќе се игра во Мајами,, што ќе претставува преседан во шпанското првенство. Иако европската куќа на фудбалот досега категорично одбиваше одигрување лигашки натпревари надвор од матичните земји, овојпат направи исклучо, исто како и за средбата од Серија А меѓу Милан и Комо, која ќе се одигра во Австралија.
Ван Бастен не го криеше својот револт:
„Каква комедија! Не разбирам, тоа за мене е целосно лудо, навивачите ги прават будали. Тоа е недостаток на почит кон сопствените навивачи и земјата, Ла Лига само се посрамоти. Зошто едната екипа да игра на гости, другата не? Не е фер и го нарушува натпреварувањето. Таквите работи би требало да загрижуваат“, порача холандската легенда.