Возач на автобус со дрес од Ливерпул направил хаос, веднаш добил отказ

by Стефан
1 минути читање

Возач на автобус од јужен Лондон доби отказ откако предизвикал хаос пред стадионот „Стенфорд Бриџ“ поради тоа што носел дрес од Ливерпул додека управувал со автобусот.

Инцидентот се случил во саботата навечер откако Челси во драматичен натпревар во Премиер лигата го совлада Ливерпул со 2-1. Исак возел автобус на стандардната реалција, но сега навивачите на Челси забележале дека носи дрес на нивниот ривал.

Веднаш група навивачи почнале да удираат по прозорецот од автобусот и да го навредува возачот.
Интересно што тој неколку дена подоцна се појави во британската телевизија „ТалкТВ“ со истиот дрес кој го предизвика инцидентот.

„Се разбудив утрото да ја одработам својата смена, не знаеме секогаш по која рута ќе возиме. Првото нешто што ми беше чисто беше дресот на Ливерпул. Подоцна дознав дека ќе треба да поминам пред стадионот на Челси, дури тогаш ми беше јасно дека ќе имам проблем“, објасни Исак.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×