Германскиот стратег, Ханси Флик е разочаран од поразот на гостувањето кај Севиља од 4-1, но вели дека не треба да се прави драма од тоа.
Барселона синоќа загуби на гостувањето на стадионот каде што обично победуваше во изминатите години. Каталонците доживеаа тежок дебакл од Севиља откако примија четири гола.
„Можеме да зборуваме за многу работи, но во првото полувреме не игравме добро. Се подобривме во вториот дел, имавме шанси, промашивме и пенал, но после тоа се се промени“, вели Флик.
„Да го променам мојот систем? Не мислам дека е до системот, треба само да не правиме некои од големите грешки кои ги правиме“.
„По паузата некои од фудбалерите ќе се вратат од повреди, потребни ни се, но сега треба да го прифатиме овој пораз. Јасно е дека сите сме фрустрирани, но треба да продолжиме да се бориме до крајот на сезоната“.
„Секако дека не сме среќни со поразот, но тоа е само еден натпревар, треба да продолжиме понатаму“.