150
Трпението заврши, Глазгов Ренџерс се раздели со тренерот Расел Мартин по вчерашното реми на гостувањето кај Фалкрик.
По седум одиграни кола во најдобрата шкотска лига, Ренџерс има само една победа, дури пет нерешени средби и еден пораз. Има и два загубени меча во Европа.
Чашата ја прели вчерашното реми на гостувањето кај Фалкрик каде Ренџерс одигра 1-1.
„Ренџерс може да потврди дека се раздели со главниот тренер Расел Мартин“, се вели во клупското соопшрение.
Заедно со него заминува и целиот струшен штаб. Клубот наскоро ќе нанзачи нов тренер.
Мартин во клубот дојде ова лето, но не се задржа долго.