Заниоло и Бајо се посрамотија и го промашија невозможното, само реми на Удинезе со Каљари (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Удинезе имаат за што да жалат, откако одиграа нерешени 1-1 против Каљари во рамките на шестото коло на Серија А.

Поведоа гостите со голот на Борели во 25. минута и имаа предност до вториот дел. Тогаш Кабаселе донесе израмнување за Удинезе во 58. минута (1-1). Вистинската драма се случи во последните минути од средбата.

Прво огромна глупост направи Николо Заниоли, кој доби сервирана шанса за да постигне погодок, ама биеше високо над голот.

По Италијанецот се истакна и Вакун Исуф Бајо, кој во 91. минута имаше исто така колосална шанса. Кеинан Дејвис го проигра, а фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска ја испрати топката над пречката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×