Аталанта и Комо одиграа без победник во калчото (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Аталанта и Комо одиграа без победник во дуелот од шестото коло на Серија А, натпревар кој заврши со резултат 1-1.

Средбата во Бергамо понуди возбудлив почеток и два погодоци во првите дваесетина минути, но потоа темпото падна и немаше промена на резултатот. Домаќините поведоа уште во 6. минута кога Лазар Самарџиќ со прецизен удар ја затресе мрежата на Комо. Гостите одговорија брзо и во 19. минута Максимо Пероне искористи една одбиена топка за да израмни на 1-1.

Во второто полувреме тимот на Фабрегас играше цврсто во одбраната и без поголеми грешки, додека Аталанта создаваше неколку шанси, но не успеа да стигне до победа.

Аталанта со овој бод останува на шестата позиција со десет освоени поени, додека Комо има девет и е веднаш зад неа на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×