Антони разочаран од Манчестер јунајтед: Не сакаа да ми кажат ниту добро утро или добар ден

by bojan
1 минути читање

Антони е разочаран од третманот кој го дбил во Манчестер јунајтед, вели дека било покажано големо непочитување, дури не сакале да му кажт ниту добар ден или добро утро.

Антони изминатово лето беше дел од популарниот „бомб сквад“ односно петмината фудбалери кои беа прешкртани од Рубен Аморим и мораа да тренираат одвоено од останатите.

Во последните денови од летниот преоден рок, Бразилецот доби зелено светло да го напушти клубот и да се врати во Бетис, каде што во вториот дел од минатата сезона потсети зошто за него беа платени речиси 100 милиони евра во 2022 година.

„Не сакам да креирам контроверзија, ниту пак да покажувам некого со прст. Нема да спомнувам имиња, но мислам дека беше покажано големо непочитување кон мене, немаше ниту обична љубезност. Не саа да ми кажат добро утро или добар ден“ – вели Антони.

„Но сето така сега е минато, и не сакам да му давам преголемо значење. Јас сум човек што презема одговорност. Во, во Манчестер, сите тие работи што се случуваа надвор од теренот, влијаеа на моите перформанси и игри“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×