Топката со која ќе се игра на СП 2026 претставена на „Сферата“ во Лас Вегас (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

ФИФА ја претстави официјалната топка за Светското првенство 2026 година што ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Новата топка носи име „Трионда“ и е дело на Адидас, долгогодишниот партнер на најголемиот фудбалски собир.

Дизајнот е инспириран од фактот дека првпат Мундијалот ќе има три организатори и 48 селекции. На топката се прикажани симболите на домаќините: јаворов лист за Канада, орел за Мексико и ѕвезди за САД, а боите се црвена, сина и зелена. Специјалниот триаголник симболизира единство на трите земји. „Трионда“ има подлабоки шевови за поголема стабилност во летот, помош за влажни услови и интегриран чип што ќе испраќа податоци кон ВАР системот.

Топката беше спектакуларно претставена во Лас Вегас, односно на познатата „Сфера“ со прикажување на видео од неа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×