188
Хајдук вчера одработе тренинг на главниот терен на „Пољуд“ во пресрет на саботниот дуел со Вуковар во Винковци, но подготовките ги обележа инцидент.
Поради силната бура во Сплит, од покривот на стадионот паднаа делови од лексан плочите кои беа оштетени уште во јулското невреме.
Иако покривот беше привремено саниран, ветерот повторно предизвика штета. Клубот одлучи да го затвори пристапот до главниот терен и тартан патеката во следните два дена, додека алпинисти повторно ќе работат на санација.
Да потсетиме, Владата на Хрватска во јули одобри два милиона евра за итно санирање на „Пољуд“, но во Хајдук како долгорочно решение гледаат изградба на нов стадион.