Италијански фудбалер суспендиран, ќе мора да оди и на лечење поради обложување

by 24 фудбал
1 минути читање

Џузепе Сибили, офанзивниот играч за врска на Бари, доби тешка казна поради обложување на спортски натпревари. Италијанецот е суспендиран 16 месеци и ќе мора да плати парична казна од 20 илјади евра. Покрај тоа, федерацијата му наложи и осуммесечен третман за зависност од коцкање.

Истрагата покажа дека 29 годишниот фудбалер уплаќал обложувања на фудбалски мечеви, нешто што е строго забрането за професионалци. Италијанската фудбалска федерација ќе го надгледува процесот на неговото лекување и редовните терапевтски сесии.

Ова е најголемиот случај на суспензија заради коцкање по оној со Сандро Тонали, кој доби десетмесечна забрана што истече во август минатата година.

Сибили сезонава настапи на пет натпревари за Бари, но не успеа да постигне гол. Во својата кариера нема настап во Серија А, но зад себе има 158 натпревари и 25 голови во Серија Б. Најмногу мечеви одигра за Пиза, а покрај тоа настапуваше и за Албинолефе, Сиракуза, Сикула Леоницио и Сампдорија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×