Постигнат договор: Канаваро ќе биде наследник на поранешниот македонски селектор!

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот Фабио Канаваро е пред ново поглавје во својата тренерска кариера, Италијанецот како што стојат работите ќе ја преземе селекторската функција на репрезентацијата на Узбекистан, јавува Фабрицио Романо. Според информациите, двете страни веќе постигнале договор, а официјализацијата на соработката се очекува во наредните два дена.

Канаваро последниот ангажман го имаше на клупата на Динамо Загреб кој го водеше на 14 натпревари, со биланс од седум победи, две ремија и пет порази.

На селекторската позиција во Узбекистан ќе го замени поранешниот македонски селектор Среќко Катанец кој беше принуден да ја напушти функцијата поради здравствени проблеми уште во јануаари. ,

Узбекистан веќе има обезбедено пласман на Светското првенство 2026, па така Канаваро наредното лето ќе има голем предизвик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×