Екипата на Рома вечерва забележа пораз од Лил со 0-1, а неверојатно е како „волчицата“ во завршницата не успеа да дојде барем до бод.
Харлардсон уште во шестата минута ја погоди мрежатаа на Рома за водство 1-0, Рома потоа создаде многу прилики, меѓутоа никако не успеваше да погоди. Во завршните десетина минути гледавме вистинска драма
Во 85. минута Рома доби најстрога казна, но првиот обид на Довбик беше потворен затоа што прерано втрча еден фудбалер, во вториот голманот Озер го напушти голот пред ударот, за конечно во третиот пеналот да биде изведе. Во првите два обиди Озер ги одбрани ударите на Довбик, а потоа и на Суле.Ж
Интересно е што и претходно во 82. минута Довбик не искористи друг пенал.
Победа забележа Фенербахче кој на свој терен беше подобар од Ница со 2-1. Турскиот гигант триумфот го обезбед во првите 25 минути кога Актуркоглу постигна два гола. Ница пред крајот на првиот дел преку Кевин постигна гол за 2-1 кој се покажа и како конечен.
На останатите средби, Болоња и Фрајбург ремизираа 1-1, Бран го доби Утрехт со 1-0, Јанг Бојс славеше кај ФЦСБ со 0-2, Бетис во Бугарија го побед Лудогоре со 0-2, Панатинаикос дома згуби од Го Хед Иглс со 1-2, а Виктор Плзен на свој терен беше сигурна проив Млме со 3-0.