Мрме се враќа на фудбалот, ќе води клуб од Кипар

by 24 фудбал
0 минути читање

Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски има нов клуб во кариерата. По двегодишна пауза 49-годишниот стратег продолжува во првенството на Кипар.

Ангеловски е промовиран како нов тренер на Етникос Ахна, клуб кој се натпреварува во Првата лига на Кипар. Моментално оваа екипа по пет кола е шестопласирана со осум освоени бода.

За Игор Ангеловски ова е трет меѓународен предизвик во кариерата. Досега тој имаше кратки епизоди од по десетина натпревари во хрватска Горица и Каспиј од Казахстан. Претходно го водеше Работнички, а најголемиот успех го имаше со репрезентацијата на Македонија пласирајќи се на Европското првенство 2020 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×