Не му простуваат и по 25 години: Фиго доби жестоки свирежи од навивачите на Барселона (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Навивачите на Барселона, ниту по 25 години не му го простиј трансферот на Луис Фиго во Реал Мадрид, а тоа го почувствува на вчерашниот натпревар против ПСЖ во кој се појави на трибините.

Фиго натпреварот го следеше од ВИП ложата на стадиониот, а кога влегуваше наввачите веднаш му покажаа дека не му го заборавиле трансферот во Реал Мадрид.

Од трибините можеа да се слушнат жестоки свирежи, исто така се пееше и навредлива песна за Португалецот.

Ќе потсетиме, Фиго иако беше клучна фигура во Барселона за која собра 249 натпревари во јули 2000 година се пресели во Реал Мадрид и тој потег навивачите никогаш не му го простија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×