Њукасл по 22 години се радува на гостинска победа во ЛШ, вечерва настрада Унион (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Њукасл со убедливи 0-4 славеше на гостувањето кај Унион и за прв пат по 2003 се радува на победа во гости во Лигата на шампионите.

Популарните „свраки“ се мачат со формата на почетокот од сезоната, но вечерва одиграа на вистинско ниво и со 0-4 триумфираа против Унион СЖ.

Резултатот беше отворен во 17. минута, Тонали закачи волеј на врвот од шеснаесетникот, а Волтемаде го промени правецот на топката и го измами домашниот голман за водство од 0-1.

Пред крајот на првиот де, Гордон од пенал зголеми на 0-2, а истиот фудбалер, по втор пат беше прецизен од белата точка во 64. минута за 0-3.

Точка на натпреварот стави Барнс, кој заврши една брза контра во 80. минута.

На вториот натпревар од 18:45 часот, Карабах со 2-0 го совлада Копенхаген за втора победа и шест бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×