Феде Валверде се огласи на социјалните мрежи откако беше обвинет дека одбил да игра на вчерашниот натпревар против Каират Алмати, Уругваецот одговори дека за „кралевите“ играл и со скршена нога.
Феде Валверде се најде во фокусот откако остана на клупата за резерви против Каират Алмати, а не доби ниту шанса во продолжението од мечот.
Уругваецот се најавуваше како решение за десната бековска позиција по повредите на Трент Александер Арнолд и Дани Карвахал, па имаше многу теории зошто тој не истрча на теренот, одредени извори дури и говореа дека Феде Валверде одбил да игра.
Па фудбалерот од средниот ред се огласи на социјалните мрежи и испрати јасна порака.
„Прочитав неколку написи кои му прават штета на мојот карактер. Можете да кажете многу работи за мене, но во никој случај не можете да кажете дека сум одбил да игра. Сум давал се па и повеќе од тоа за овој клуб. Сум играл повреден, сум играл со скршена нога и никогаш не сум се жалел ниту пак сум барал одмор“ – вели Феде Валверде.
„Имам добар однос со тренерот, односот е толку добар што чувствувам самодоверба да му кажам на која позиција би сакал да играм. Но секогаш, буквално секогаш му нагласувам дека сум подготвен да играм онаму каде што сум потребен, и тоа на секое гостување, на секој натпревар“.
„Гинам на теренот за овој дрес и ќе продолжам да го правам тоа. Знам дека понекогаш и ова не е доволно, или пак не играм како што би сакал, но се колнам дека никогаш нема да одбијам да играм и секогаш ќе се борам до самиот крај“.
ФОТО: X/Real Madrid C.F.