308
Челси со минимални 1-0 славеше против Бенфика во второто коло од Лигата на шампиони, а еден од најдобрите во редовите на „сините“ беше Алехандро Гарначо и така одговори на критиките кои ги добиваше претходно.
По мечот, Гарначо се потсети на тешкиот период што го имаше во Манчестер јунајтед, од каде што на крајот беше отстранет.
„Поминував низ навистина лоши денови. Работев самостојно, но не сакав да зборувам лошо за клубот. Тоа беше грозен дел од мојот живот, но сега сум среќен што сум овде и што имам можност да играм во Лигата на шампиони“, изјави аргентинскиот фудбалер.
Гарначо го носеше дресот на „црвените ѓаволи“ од 2022 до 2025 година, пред да се пресели во Лондон.