Не му требаше долго време на Жозе Мурињо по преземањето на клупата на Бенфика за да почне да се жали. Португалецот кој неодамна го презеде клубот од Лисабон се врати на „Стемфорд Бриџ“ како гостин на Челси и беше поразен со 1-0 во второто коло на Лигата на шампионите.
По натпреварот тој коментираше судиски одлуки и распоредот, барајќи ја вината за лошиот резултат во тоа.
„Сметам дека Жоао Педро требаше да добие втор жолт картон многу, многу порано. УЕФА е премногу строга кога станува збор за придржувањето на правилата. Играта ќе се сменеше ако Педро порано беше исклучен.
Имавме само два дена меѓу натпреварите и не трениравме, туку само се рекупериравме. Една од моите сили се тренинзите, ама немавме време за тоа. Ова е тежок притисок за играчите, ама јас им кажав дека пораз е пораз. Мора овој резултат да го искористиме како фондација за да градиме на него. Бевме добро организирани, го проучивме Челси и мислам дека добро се носевме со нивните тактички определби. Добро се браневме, ама имавме и тешки моменти. Овој пораз не е проблем, поголем е оној со Карабах. Дури и со сегашниот неуспех ние требаше да имаме три бода, а сега мора да ги бараме на друго место. Мислам дека направивме доволно барем за бод во Лондон“, смета Мурињо.
Во Лигата на шампионите по две кола Бенфика е без бодови и тоа може да претставува сериозен проблем за иднината.