Фудбалер на Звезда исфрлен од хотел, беснеел во алкохолизирана состојба!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот на Црвена звезда, младиот Колумбиец Кајмер Сандовал (20), бил исфрлен од составот на репрезентацијата до 20 години поради недисциплина и консумирање алкохол.

Иако требаше да настапи на Светското првенство за млади, каде Колумбија во наредната недела ќе се соочи со Саудиска Арабија, Норвешка и Нигерија, Сандовал остана надвор од плановите на селекторот Сезар Торес. Одлуката е донесена по инцидент во хотелот на репрезентацијата, каде тој и соиграчот Џон Мантана (18) биле затекнати под дејство на алкохол. Двајцата во алкохолизирана состојба направиле голема вррева во хотелот и не успеале да ја пронајдат својата соба, со што предизвикале внимание и кај персоналот и кај тренерите.

„Сите сме луѓе пред сè, па дури потоа спортисти. Кајмер има голем потенцијал, но мора да научи што значи дисциплина. Одлучивме да не биде дел од тимот, бидејќи не ги почитува правилата по кои функционираме“, истакна Торес.

Ситуацијата за Сандовал не е розова ниту во Црвена звезда. Позајмениот играч од Бетис оваа сезона доби само осум минути на терен, а со оглед на големата конкуренција во одбраната, малку е веројатно дека ќе добие посериозна улога до крајот на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×