Eкитике за глупоста против Саутемптон: Тоа не беше најпаметната работа што сум ја направил

by Стефан
1 минути читање

Напаѓачот на Ливерпул, Уго Екитике го пропушти натпреварот против Кристал палас поради бизарниот црвен картон кој го доби во Лига купот.

Екитике го постигна победничкиот гол протв Саутемптон, го соблече дресот и бидејќи веќе имаше еден жолт картон тоа за него значеше исклучување.

Сега за првпат зборуваше на таа тема и ја призна грешката.

„Мојот црвен картон не беше паметен потег. Ми беше тешко натпреварот во саботата го гледам од дома. Се звинувам на сите, своите соиграчи и навивачите. Повеќе нема да ми се повтори, изјави Екитике.

На пет натпревари во дрессот на Ливерпул, Екитике постигна три гола и додаде една асистенција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×