Ибрахимовиќ објави разговор со италијански талент кога имал само 11 години: Сега сите те знаат, не само јас

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот фудбалер, Златан Ибрахимовиќ на социјалните мрежи објави разговор со Франческо Камарда, 17-годишниот напаѓач кој е на позајмица во Лече.

Камарда викендов за Лече го постигна првиот гол во сезоната, а Ибрахимовиќ објави што му пишувал младиот фудбалер кога имал само 11 години.

„Јас сум Италијанец и голем навивач на Милан. Ти си голем шампон. Ти благодарам што дојде во Милан. Сакам да те запознаам, ти си мој херој. Јас игррам во Милан, моето име е Франческо Камрда“, стоело во пораката која ја испратил Камарда во 2019 година.

На социјалните мрежи Ибрахимовиќ сегаа објави фотографиј од разговорот, откако Камарда стрелаше за 2-2 во финишот против Болоња.

„Сега сите те знаат, не само јас“, додадде Швеѓанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×