Трагедија го погоди шпанскиот фудбал: Почина млад голман по судир на натпревар

by Стефан
0 минути читање

Тажна вест пристигнува од Шпанија каде што младиот голман Раул Рамирез почина на само 19 години по тешка повреда на натпревар од петтата лига меѓу Колиндрес и Ревиља.

Рамирез во саботата претрпе силен судир со противнички играч, при што заработи сериозна повреда на главата. По укажаната итна помош и реанимација на теренот, беше пренесен во болница во Сантандер, каде што лекарите два дена се бореа за неговиот живот, но без успех.

Медиумите јавуваат дека младиот голман доживеал „мозочна смрт“.

По неговата смрт, фудбалските власти прогласија тридневна жалост и најавија минута молк на сите натпревари во негова чест.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×