316
Легендарниот напаѓач, Лукас Подолски накратко зелениот тревник го замени со трибините и навиваше заедно ултрасите на Горник Забрже, клубот за кој настапува.
Поранешниот германски репрезентативец, кој поради повреда на листот не можеше да настапи на дербито против Краковија, одлучи да ја почувствува атмосферата од друг агол. Подолски ги изненади навивачите се појави во гостинскиот сектор и заедно со „Торцида Горник“ го бодреше својот тим во дуелот што заврши 1-1.
„Со нашата ‘Торцида Горник’. Неверојатна страст. Ова е фудбал“, напиша легендарниот фудбалер на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од трибините.