298
Црвена Звезда во драматичен натпревар го победи Раднички со 2-1, гостите од Крагуевац имаа фудбалер повеќе и водство се до 90. минута, но тогаш фаворитот постигна два гола за целоссен прсврт.
Натпреварот имаше долго судиско продолжение поради хаосот кој го направија „Делии“ кои фрлаа и топовски удари на теренот.
Тие беа упатени кон голманот Владимир Стојковиќ кој во минатото го носеше дреесот на Звезда. Судијата во еден момент ја прекина средбата и ги испрати фудбалерите во соблекувалната, но подоцна тие се вратија на теренот.
Македонскиот фудбалер Лука Станковски натпреварот го помина на клупата за резерви.