Каталонските медиуми се насладуваат на маките на ПСЖ

by bojan
1 минути читање

Синоќешниот натпревар на ПСЖ против Оксер донесе нови повреди на Квича Кварацхелија и Витиња, па каталонските медиуми не заборавија да потсетат дека „светците“ имаат многу проблеми пред гостувањето на „Монжуик“ во Лигата на шампиони.

Барселона против ПСЖ е дербито во второто коло во Лигата на шампиони, натпреварот се игра во среда на „Монжуик“.

Но двата клуба се соочуваат со големи проблеми и повреди на клучни фудбалери.

Во редовите на „светците“ нема да настапат или пак се под голем знак прашалник Жоао Невеш, Десири Дуе, Маркињос и Осман Дембеле, а на оваа листа вчера се приклучија и Квича Кварацхелија и Витиња.

Па ваквите информации се дочекани како добра вест во Каталонија, весниците блиску до Барса.

Мундо Депортиво пишува: „ПСЖ ја заврши својата домашна задача со победа над Оксер, задржувајќи се на врвот на Лига 1, но таа победа скапо ги чинеше – Витиња и Кварацхелија теренот го напуштија повредени, само четири дена пред дуелот со Барса“.

Во друг напис, истиот медиум истакнува: „Луис Енрике одмори неколку стартери имајќи ја на ум Барса, но тоа не беше доволно – Витиња и Кварацхелија заработија повреди, дополнително влошувајќи ја ситуацијата со Дембеле, Дуе, Жоао Невеш и Маркињос“.

Но и Барселона се соочува со слични проблеми, надвор од комбинација се голманот Жоан Гарсија, Рафиња, Гави и Фермин Лопез, додека пак Алехандро Балде и Јамин Ламал неодамна се вратија по повредите.

ФОТО: X/Paris Saint-Germain

Можно е и ова да ти се допаѓа

×