Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне имаше многу пофални зборови за Хулијан Алварез и го спореди со српската легенда Милинко Пантиќ, кој на популарните „колчонероси“ им донесе двојна круна во 1996 година.
Атлетико Мадрид синоќа со 5-2 го совлада Реал Мадрид во лутото градско дерби и на „кралевите“ им го нанесе првиот пораз оваа сезона.
Хулијан Алварез имаше нова импресивна партија со два гола, па Аргентинецот доби многу пофалби од тренерот Диего Симеоне.
„Тој е максимално посветен на тимот, на клубот и мислам дека е нашиот најдобар играч. Има огромен талент и работи напорно. Не само што ви дава опции во нападот, со напорната работа помага тимот да ја задржи динамиката. Потребен ни е, мора да се грижиме за него, и се надевам дека долги години ќе го носи дресот на Атлелтико“ – вели тренерот на популарните „колчонероси“.
Диего Симеоне потоа го спореди својот сонародник со српската легенда Миленко Пантиќ, кој беше еден од најдобрите на теренот кога Атлетико Мадрид ја освои двојната круна во 1996 година.
„Навистина не знам како волку добро ги изведува слободните удари (вториот гол на Аргентинецот беше од слободен удар). Ме потсетува малку Пантиќ. Она што најмногу го ценам кај Хулијан е неговата скромност. Како постојано трча и работи напорно иако е светски шампион“.
„Навистина мора да се грижиме за него, мора да остане тука уште многу години и да стане дел од историјата на Атлетико“.
ФОТО: X/Atlético de Madrid