Манчестер јунајтед се откажа: Спектакуларниот проект кој го најави бил прескап

by Стефан
1 минути читање

Манчестер јунајтед ќе се откаже од најавениот голем проект за нов стадион со покрив во форма на огромен чадор, иако претходно беше изработен детален план. и претставен во јавноста.

Како што откриваат британските медиуми, клубот бил принуден да бара ново решение поради неуспешните преговори за откуп на земјиштето од компанијата „Freighliner“, која го поседува просторот западно од „Олд Трафорд“.

„Freighliner“ побарала околу 400 милиони фунти за парцелата, додека понудата од Јунајтед изнесувала само 50 милиони.

Првичниот проект, кој во март беше претставен од ко-сопственикот Џим Ретклиф и архитектот Норман Фостер, предвидуваше стадион со капацитет од 100.000 гледачи и специјален покрив вреден дури 400 милиони фунти.

Сега, според новите најави, ќе се работи на решение кое повеќе наликува на традиционалните фудбалски стадиони, со потреба од помал простор, што би можело да ја забрза изградбата.

Фото: Manchester United

Можно е и ова да ти се допаѓа

×