Французинот Осман Дембеле неодамна стигна до својата прва „Златна топка“ во кариерата, а неколку дена по церемонијата се објавуваат и детали од гласањето на новинарите во изборот.
Дембеле победил убедливо со 1380 поени, додека Јамал зад него беше со 1059.
Но, интерен податок е поврзан со Бразилецот, Рафиња. Имено, фудбалерот на Барселона заврши како петти со 620 поени, меѓутоа ниту еден од новинарите кои учествувале во гласањето не го рагирал Бразилецот на првата позиција во своето рангирање, односсно од никој не го добил максималниот број поени.
Од друга страна одредени новинари за најдобри ги сместале: Кварацхелија, Мектоминеј и Хакими. Хакими заврши как ошести, додека Грузиецот и фудбалерот на Наполи не беа ниту во топ 10.