Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ добро ја започна сезоната и во овој момент е најдобар стрелец на Јувентус, но и покрај тоа „старата дама“ би можела да го продаде во зимскиот преоден рок.
Влаховиќ сезонаава постигна ест гола н осум настапи, а договорот му истекува следната година и како што стојат работите нема намера да го продолжи.
Тоа значи дека зимскиот преоен рок би била последна шанса Јувентус од него нешто да заработи. Така според пишувањата на „Билд“ главен кандидат за неговиот потпис во овој момент е Баерн Минхен.
„Јувентус ќе се обиде да го продаде Влаховиќ во јануари и да обиде заработи барем нешто бидејќи не треба да се заборави дека клубот од Торино за него плати 83.5 милиони евра на Фиорентна во 2022 година. Главен кандидат да го доведе во овој момент е Баерн и тоа по иницијатива на Карл Хајнц Румениге“, пишува „Билд“.
На вкупно 150 настапи во дресот на Јувентус, Влаховиќ забележа 62 гола и подели 15 асистенции.