Напаѓачот на Манчестер јунајтед поради семејна трагедија ќе го пропушти натпреварот со Брентфорд

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Амад Диало, нема да биде во составот за утрешниот натпревар против Брентфорд поради смртен случај во неговото семејство.

Крилниот напаѓач воопшто не патувал со тимот и останал во Манчестер, а неговото отсуство го потврди менаџерот Рубен Аморим на официјалната прес-конференција пред натпреварот.

„Амад нема да биде со нас бидејќи некој од неговото семејство почина. Му ја пружаме целата поддршка и го очекуваме да се врати кога ќе биде во можност“, изјави Аморим.

Покрај Диало, Јунајтед ќе биде ослабен и со неиграњето на повредените Нусар Мазрауи и Лисандро Мартинез, додека Каземиро е надвор од комбинација поради црвениот картон на дербито со Челси.

„Црвените ѓаволи“ гостуваат кај Брентфорд утре со почеток од 13:30 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×