Головите не ја менуваат ситуацијата, Јуве чека понуди од Челси и Јунајтед за Влаховиќ

by bojan
1 минути читање

„Старата дама“ го нема променето планот кога е во прашање иднината на Душан Влаховиќ и ќе се обиде да го продаде Србинот во зимскиот преоден рок, интерес пројавуваат Челси и Манчестер јунајтед.

Душан Влаховиќ одлично ја отвори новата сезона и покрај тоа што цело лето беше на продажба, напаѓачот има четири погодоци на пет натпревари, и тоа сите почнати од клупата за резерви.

Но како што пишува Газета дело Спорт, „старата дама“ го нема променето планот и ќе се обиде да го продаде Србинот во зимскиот преоден рок.

Преговорите за нов договор се заглавени, па Јувентус ќе се обиде да заработи нешто во јануари, како да спаси дел од платата.

Челси и Манчестер јунајтед се посочуваат како клубовите кои пројавуваат интерес, и добрата голгетерска форма само ги зголемува шансите за трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×