Во пониските фудбалски лиги често се случуваат необични ситуации, а една таква сега ни пристигнува од Хрватска.
Натпреварот меѓу НК Липик 1925 и НК Славонац Гуњавци-Дрежник во рамки од пониските лиги не го дочека својот крај.
Според официјалниот записник, средбата биа прекинат во 88-та минута, откако судијата досудил пенал за домашниот состав при резултат 1:1. Одлуката предизвика бурни реакции кај гостите, кои жестоко протестираа, а главниот арбитер Антонио Периќ навел дека во тој момент бил плукнат од гостинскиот физиотерапевт, Вјекослав Рушкан.
„Во 88-та минута судијата ми пријде и ми кажа дека натпреварот е прекинат поради плукање од страна на физиотерапевтот на гостинскиот тим“, запишал делегатот Игор Ругле во службениот извештај.
Ваква слична ситуација неодамна видовме во САД каде што Луис Суарез од редовите на Интер Мајами плукна противнички тренер и заработи суспензија од повеќе натпревари.