Македонската фудбалска репрезентација ќе има поддршка гостувањето во Белгија во натпреварот кој се игра на 10 октомври бидејќи од ФФМ информираа дека билетите за оваа средба се распродадени.
На располагање Македонија доби 1.000 билети кои се продаваа во изминатите три недели.
„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека сите билети наменети за македонските навивачи за квалификацискиот натпревар Белгија – Македонија (10.10.) за пласман на СП 2026 се целосно распродадени.
Во изминатите три недели на располагање беа ставени речиси 1.000 билети, кои беа понудени за продажба преку официјалната платформа на ФФМ и се целосно резервирани од нашите поддржувачи.
Упатуваме голема благодарност на навивачите за интересот и поддршката која македонската репрезентација ќе ја има во Гент за мечот против Белгија.
Поради релативно малиот капацитет на стадионот во Гент, немаме можност за дополнителна количина на билети“, стои во соопштението од ФФМ.
Три дена подоцна Македонија на домашен терен ќе го игра вториот натпревар од овој циклус против Каазахтан.