Поранешниот германски селектор за новата идеја на ФИФА: Тоа се глупости, премногу е!

by Стефан
1 минути читање

Порашениот германски селектор, Јоаким Лев ги критикуваше најавите дека Светското фудбалско првенство во 2030 година може да се прошири на 64 репрезентации.

Според, Лев такво нешто би било премногу и сосема непотребно.

„Пред половина годна слушнав дека ФИФА размислува за такво нешто. Квалитетот веќе се губи со 48 репрезентации. Здравјето и квалитетот на фудбалерите секогаш мора да бидат на прво место. Оваа идеја за 64 репрезентации е многу критична“, додаде Лев кој ја предводеше Германија до титулата на Светското првенство во Бразил во 2014 година.

Инаку, на Мундијалот во САД, Канада и Мексико кој ќе се одржува идното лето за првпат ќе учествуваат 48 репрезентации.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×