Вечерва во англискиот Лига Куп се одиграа четири натпревари во кои фаворитите не дозволија изненаадување.
Манчестер сити на гости рутински го совлада Хадерсфилф со 0-2. Избраниците на Пеп Гвардиола до победата дојдоа постигнувајќи по еден гол во двете полувремиња. Прво Фоден го отвори резултатот во 18. минута, а потоа Савињо на 15-тина минути до крајот го постави конечниот резултат.
Сигурен беше и Тотнем кој дома го совлада Донкастер со 3-0. Набрзина домаќините во 14-тата и 17-тата миинута постигнаа два гола со кои го најавија трумфот. Џонсон во финишот само ја потврди победата.
Њукасл исто така славеше победа пред домашнатаа публика и со 4-1 го совлада Њукаасл. По дваа гола за премиерлигашот постигнаа Жоелитон и Осула.
Немаше проблеми и Арсенал кој беше подобар од Порт Вајл со 0-2. Победата за „топџиите“ ја обезбедија Езе и Тросар.