Ливерпул доживеа голем удар на куп-дуелот со Саутемптон, откако летното засилување Џовани Леони се здоби со тешка повреда при своето деби.
Младиот Италијанец, кој пристигна од Парма за 30 милиони евра, одигра одличен меч и остави силен впечаток со смиреноста и играта во одбрана. Но, во второто полувреме по еден наизглед лесен дуел остана да лежи крај аут-линијата и беше заменет со Керкез.
Подоцнежните лекарски прегледи донесоа лоши вести бидејќи станува збор за кинење на лигаментите на коленото. Леони наскоро ќе биде подложен на хируршка интервенција, а потоа ќе се знае и колкава ќе биде неговата пауза.
Во Ливерпул се надеваат дека младиот дефанзивец ќе успее да се врати на терените пред крајот на оваа сезона и повторно да биде на располагање за Арне Слот.