143
Првата пресметка помеѓу Реал Мадрид и Барселона оваа сезона доби термин, лутите ривали ќе се сретнат на „Бернабеу“ на 26. октомври а почетокот на мечот е закажан во 16:15 часот.
Љубителите на фудбалот можат во календарот да си го заокружат 26. октомври како денот за првото „Ел Класико“ во новата сезона.
Денеска беше откриено дека лутите ривали ќе се сретнат на „Бернабеу“ во недела, а почетокот на мечот е закажан во 16:15 часот.
Реал Мадрид ќе сака да се реваншира за минатата сезона, кога пред своите навивачи загуби со убедливи 0-4.
И не само тоа, Барселона славеше и на останатите три пресметки, во финалето на Суперкупот, во финалето на Копа дел Реј и во реваншот на Монжуик.