Добри вести за Барса и Ламин Јамал

by riste
1 минути читање

Тренерот на Барселона, Ханси Флик конечно слушна и добра вест кога се работи за здравјето на неговите фудбалери.

По информациите за повредите на Фермин Лопез и Гави, доаѓа веста дека Ламин Јамал е подготвен за враќање.

Опоравувањето на Јамал се одвива подобро од очекувањата и тој ќе биде подготвен за неделниот натпревар против Реал Сосиедад.

Голема е веројатноста дека тој нема да биде стартер, но ќе добие минути во второто полувреме како загревање за дуелот со ПСЖ од Лигата на шампионите.

Јамал сезонава одигра само три од шесте досегашни меча на Барселона, последниот од нив пред репрезентативната пауза, на 31 август против Рајо Ваљекано кога го постигна единствениот гол за својот тим. Интересно е тоа што тој се уште не настапил ниедна минута на натпревар на Барса на домашен терен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×