Дали ПСЖ ќе жали? Додека Донарума го добиваше трофејот „Јашин“, Шевалие со аматерски кикс (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

„Светците“ летоска решија да го заменат Џиџо Донарума со Лукас Шевалие, а засилувањето од преку 50 милиони евра вчера имаше аматерски кикс и тоа во најлош можен момент.

Луис Енрике подолго време не беше задоволен од Џиџо Донарума, па откако запнаа преговорите за нов договор, ПСЖ реши да донесе нов голман и да инвестира преку 50 милиони евра во ангажман на Лукас Шевалие од Лил.

Во последните денови од предниот рок, Џиџо Донарума беше продаден на Манчестер Сити во зделка вредна помеѓу 30-35 милиони евра, и времето ќе покаже дали одлуката на „светците“ била исправна.

Но почетоците не го навестуваат тоа, Лукас Шевалие вчера имаше аматерски кикс и тоа во најлош можен момент.

Во француското класико, Марсеј за прв пат го победи ПСЖ на домашен терен по 14 години пауза, а единствениот гол на мечот падна откако Лукас Шевалие погрешно процени една нафрлена топка, „заплива“ во воздух и му овозможи на Агерд да ја затресе празната мрежа.

И сето ова се случуваше додека Џиџо Донарума во Париз беше прогласен за најдобар голман изминатава сезона и го доби трофејот „Јашин“ на церемонијата за „Златната топка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×