Рафаел Леао гостуваше на еден подкаст, а таму откри интересна ситуација од периодот кога беше во Лил.
Португалскиот крилен фудбалер откри дека пред да се пресели во Милан имал понуда за трансфер во Интер. Сепак, уште првично се двоумел сè до моментот кога не го побарал Паоло Малдини и го повикал да дојде на „Сан Сиро“.
„Кога играв за Лил, имав понуда и можев да завршам во Интер. Тогашниот директор ми кажа: „Рафа, веројатно ќе те продадеме во Интер“. Му кажав не, зад себе имав лоша сезона, сакам да останам да одиграм уште една подобра. Тој ми кажа дека е голема можност за мене, но и за клубот да заработи. Потоа само ми го спомена Милан. Му одговорив, Милан може. Ако дојдат со понуда ќе прифатам. Два дена подоцна ме повика и кажа дека има понуда на маса. Ми кажа некој сака да разговара со тебе. Ми го даде телефонот, а јас гледам видео повик од Паоло Малдини, не беше обично телефонирање. Малдини ми кажа дека морам да дојдам, ме очекуваат. Веднаш прифатив, не можев да кажам не. Ако повторно треба да бирам меѓу Интер и Милан – 100 пати би одбрал исто“, изјави Леао.
Моментално Леао е повреден и не игра во Серија А, откако заработи повреда на натпреварот против Бари во Копа Италија пред стартот на сезоната. Сепак, неговото враќање се очекува за викенд за дербито со Наполи.