Хари Кејн веќе следното лето би можел да се врати во англиската Премиер лига бидејќ наводно има посебна клаузула во неговиот договор со Баерн Минхен, пишува германски „Билд“. Капитенот на англиската репрезентација има помалку од две години до истекот на договорот што го потпиша во 2023 година, кога го напушти Тотнем и се пресели во Германија.
Во Минхен брзо се наметна како еден од клучните играчи, а зад себе има дури 98 гола на 103 натпревари, додека само сезонава веќе е на бројка од 13.
Според германските медиуми, Кејн може да си замине од Баерн веќе во летниот преоден рок за 65,5 милиони евра, доколку својата одлука ја соопшти до крајот на зимата.
Иако повеќ епати нагласи дека е среќен во Минхен, останува фактот дека го делат 47 гола од вечниот рекорд на Алан Ширер (260 погодоци во Премиер лигата) и тоа може да биде негов мотив за враќање во Англија.
Ќе потсетиме, Кејн ја напушти Премиер лигата со 213 гола оставајќи длабока трага во Тотнем.
Фото: Bayern FC/X