За „Златната топка“ се внимава на се: Јамал одбил да се поздрави со Роналдо

by bojan
1 минути читање

„Франс Фудбал“ вечерва ќе ја додели престижната „Златна топка“, а двајцата главни кандидати се Ламин Јамал од Барселона и Осман Дембеле од ПСЖ.

На гала церемонија во Париз, ќе биде прогласен најдобриот фудбалер за изминативе 12 месеци.

Победникот се држи во строга тајна, а се верува дека најголеми фаворити се Ламин Јамал од Барселона и Осман Демебел од ПСЖ.

Критериумите се поделени во три категории, односно индивидуални перформанси, освоени титули и фер-плеј, односно однесување на и надвор од терените.

Во анализата на Л’Екип, токму во последната категорија му се замерува за една работа на Ламин Јамал.

Л“Екип, кој е сестрински весник на „Франс Фудбал“, посочува дека Ламин Јамал одбил да се поздрави со Кристијано Роналдо во финалето на Лигата на нации, ниту пак сакал да го почека противникот да го подигне шампионскиот пехар, нешто што не му оди во прилог за денешниот избор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×