269
Италијанскиот судија Антонио Рапуано е суспендиран и до крајот на сезоната ќе дели правда во Серија Б. Одлуката доаѓа по серијата грешки на дуелот меѓу Верона и Јувентус.
Главниот момент беше досудениот пенал за домаќините по играње со рака на Жоао Марио, иако топката претходно го погоди во глава, а ситуацијата беше сомнителна. Покрај тоа, Јувентус смета дека Рапуано пропушти да исклучи Орбан кој со лакт го удри Гати, а доби само жолт картон.
Судијската комисија ја оцени неговата арбитража како незадоволителна и го казни со преселба во понизок ранг.