Интер не дозволи нов кошмар од Сасуоло, и се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

„Нероаѕурите“ со 2-1 славеа против Сасуоло и се вратија на победите во Серија А, триумфот го донесоа левите бекови Димарко и Карлос Аугусто.

Сасуоло ги доби двете пресметки против Интер во сезоната 2023/24, но избраниците на Киву не дозволија нов кошмар, вечерва славеа со 2-1 и стигнаа до важна победа по двата порази во низа од Удинезе и Јувентус.

Трите бода вечерва ги донесоа левите бекови, Димарко погоди за 1-0 во 14. минута од мечот, а Карлос Аугусто со доза на среќа ја затресе мрежата во 81. минута за 2-1.

Гостите преку Шедира намалија на 2-1 во 84. минута, но немаа сили одново да му ги поматат сметките на фаворитот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×