Гвардиола реши да игра „бункер“ против Арсенал, па ги забележа најлошите бројки во кариерата (ФОТО)

by bojan
1 минути читање

Пеп Гвардиола денеска реши со дефанзивен пристап да стигне до цел плен на гостувањето кај Арсенал, стратегот заборави и на својата фудбалска филозофија, па за прв пат во кариерата имаше само 32,8% посед на топка.

Манчестер Сити обично е тимот што доминира, но Пеп Гвардиола денеска се реши за еден поинаков пристап во намерата да стигне до цел плен против Арсенал откако „граѓаните“ рано поведоа преку Халанд.

Стратегот се реши за петмина во дефанзива и „бункер“, па ги забележа најлошите бројки во кариерата.

Според ОптаЏо, Манчестер Сити имал само 32,8% посед на топка, што претставува најнизок посед на топка за тим предводен од Гвардиила во натпревар од прва лига (вкупно 601 натпревар).

Сепак, неговите момци не издржаа до крај на „Емирати“, Мартинели го лобуваше Донарума во 93. минута за 1-1 и поделба на бодовите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×