184
По неуспехот против Рен, Лион вечерва се врати на победничките патеки совладувајќи го Анже со минимални 1-0.
Францускиот гигант уште од стартот ја наметна својата игра и имаше контрола над топката, но првиот дел заврши без погодоци.
Клучниот се случи во 65. минута, кога Тисман најдобро се снајде во казнениот простор и ги постави конечните 1-0.
Со освоените три бода, Лион се искачи на врвот на табелата со ист број боови како ПСЖ по 12, но „светците“ својот натпревар од ова коло допрва треба да го играат против Марсеј.